Деновиве заедно со своите соработници, кооперанти, владини претставници денес, БиМилк го прославува својот јубилеен 60-ти роденден. Прославата започна со прес-конференција за новинари, неделно дружење и размена на искуства за да заврши со свечен вечерен коктел, каде во пријатна и забавна атмосфера вработените во БиМилк заедно со своите кооперанти, соработници, клиенти, официјални владини претставници и претставници од дипломатскиот хор, го прославија 60-тиот роденден. Од самите почетоци, пред шеесет години, Млекара Битола имаше за цел да произведува традиционални млечни производи, со потекло од еколошки чистиот Пелагониски реон. Традиционалните производи се развиваа, го менуваа својот изглед и за краток период прераснаа во брендови со препознатлив имиџ, а Млекара Битола прерасне во национален откупувач на млеко и респектабилен млеко преработувачки капацитет кој пласира различни висококвалитетни производи на македонскиот пазар.
Деновиве заедно со своите соработници, кооперанти, владини претставници денес, БиМилк го прославува својот јубилеен 60-ти роденден.
Прославата започна со прес-конференција за новинари, неделно дружење и размена на искуства за да заврши со свечен вечерен коктел, каде во пријатна и забавна атмосфера вработените во БиМилк заедно со своите кооперанти, соработници, клиенти, официјални владини претставници и претставници од дипломатскиот хор, го прославија 60-тиот роденден.
„Од самите почетоци, пред шеесет години, Млекара Битола имаше за цел да произведува традиционални млечни производи, со потекло од еколошки чистиот Пелагониски реон. Традиционалните производи се развиваа, го менуваа својот изглед и за краток период прераснаа во брендови со препознатлив имиџ, а Млекара Битола прерасне во национален откупувач на млеко и респектабилен млеко преработувачки капацитет кој пласира различни висококвалитетни производи на македонскиот пазар.
Шеесет години на раст и развој, на инвестиции, доверба и грижа, на континуирано унапредување на процесот на производство, подобрување на квалитетот на млечните производи, за да денес Млекара битола-БиМилк, претставува синоним за квалитет, бренд со препознатлив имиџ, кој потрошувачите го преферираат и го сакаат", изјави Роко Водопија генерален директор на Млекара Битола.
Поради својот квалитет БиМилк производите брзо ги надминаа локалните граници, а во нивниот вкус можеа да уживаат граѓаните од поширокиот регион. Производите на Млекара Битола станаа асоцијација за квалитни и здрави домашни производи. Во 2008 година, по предходното превземање на Млекара Битола од страна на Инвестициониот фонд Салфорд, беше извршена комплетна автоматизација на производството, од прием, ферментација и перење на млекото што придонесе кон подобрување на квалитетот, и можности за поголемо производство. Набрзо беше обезбеден и комплетен ладен ланец со набавка на лактофризери, што овозможи константно одржување на квалитетот на млекото и БиМилк да прерасне во еден современ млечно преработувачки систем.
Следеше инвестиција во најсовремена софистицирана технологија за производство на кисело млечни производи, што придонесе јогуртите на Млекара Бимилк да го подобрат и стандардизираат својот квалитет и брзо да бидат прифатени од потрошувачите.
Потоа инвестиции во нова филтер станица за вода, и набавка на посебна компјутерска опрема за поголемите кооперанти фармери која ќе овозможи поефикасен начин на работа при производството на млеко. Последниве две години беа набавени на 700 високо квалитетни јуници од расата Симентал од Австрија кои придонесоа кај фармерите кооперанти на БиМилк да се подигне нивото на млекопродукција по крава од сегашните 3000 литри на 5000 литри и што придонесува кон раст на примарното производство и подобрување на квалитетот на млекото.
Се инвестираше во промоција, во подобрување на комуникацијата со потрошувачите, а се со цел да се слушнат нивните специфични потреби и желби. Да се биде блиску до своите потрошувачи и да се освои нивното срце, и понатаму ќе биде императив и крајна цел на сите активности на БиМилк. Но инвестициите нема да престанат, најавија од комапнијата.